Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида и економскиот промотор на Македонија во САД, Дејан Величков учествуваат на Глобална конференција за производители на електронски компоненти ЕДС 2013, која се одржува од 6-9 мај 2013 година во Лас Вегас, САД. ЕДС 2013 претставува глобален собир на компаниите од индустријата на Електронски Компоненти на кој учество земаат повеќе од 400 производители на електронски компоненти од сите страни на светот. Директорот Фида и економскиот промотор остварија повеќе средби и контакти со претставници на глобални компании од оваа индустрија кои имаат планови за експанзија во иднина. Неколку компании се сериозно заинтересирани за можностите што ги нуди нашата земја и веќе најавија дека ќе ја посетат Македонија во летниот период за да ги проверат условите и информациите што ги презентираа македонските претставници.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида и економскиот промотор на Македонија во САД, Дејан Величков учествуваат на Глобална конференција за производители на електронски компоненти ЕДС 2013, која се одржува од 6-9 мај 2013 година во Лас Вегас, САД.
ЕДС 2013 претставува глобален собир на компаниите од индустријата на Електронски Компоненти на кој учество земаат повеќе од 400 производители на електронски компоненти од сите страни на светот.
Директорот Фида и економскиот промотор остварија повеќе средби и контакти со претставници на глобални компании од оваа индустрија кои имаат планови за експанзија во иднина. Неколку компании се сериозно заинтересирани за можностите што ги нуди нашата земја и веќе најавија дека ќе ја посетат Македонија во летниот период за да ги проверат условите и информациите што ги презентираа македонските претставници.
Во рамки на конференцијата остварени се и средби со компании кои веќе ја посетиле Македонија и се пред носење на финална одлука за инвестирање, како и со компании кои веќе инвестирале во Македонија.